сабота, 27 јули 2024

Путин: Украинската контраофанзива пропадна, загрозени се ако продолжи војната

Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека државноста на Украина може да претрпи „непоправлив удар“ доколку војната продолжи, а Русија никогаш нема да биде принудена да се откаже од постигнатото, односно да ја врати освоената територија, пренесува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Путин ги даде овие изјави еден ден откако Швајцарија се согласи да биде домаќин на глобалниот самит по барање на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Путин ги отфрли „т.н. мировни формули“ што се дискутираат на Запад и во Украина, и како што ги нарече, „превисоките барања“ што тие ги носат.

„Па ако не сакате (да преговарате), немојте!“, рече тој. „Сега е сосема очигледно дека не само што (украинската) контраофанзива пропаднала, туку и иницијативата е целосно во рацете на руските вооружени сили. Ако вака продолжи, украинската државност може да претрпи непоправлив, многу сериозен удар“.

Русија во моментов контролира 17,5% од територијата на Украина.

Путин рече дека разговорот за преговори е „обид да се мотивира (Русија) да се откаже од придобивките што ги оствари во изминатата година и пол“. „Но тоа е невозможно. Сите разбираат дека тоа е невозможно“, рече тој.

Мировната формула презентирана од Зеленски, меѓу другите точки, повикува на обновување на територијалниот интегритет на Украина, прекин на непријателствата и повлекување на руските трупи. Русија вели дека секој разговор ќе мора да ги земе предвид „новите реалности“ создадени од нејзините сили на теренот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ