сабота, 27 јули 2024

Путин: Украинската контраофанзива целосно пропадна

Украинската контраофанзива целосно пропадна, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Објавено на

часот

Сподели

„Што се однесува до контраофанзивата, која наводно е одложена, таа целосно пропадна. Знаеме дека, сепак, на одредени делови од фронтот спротивната страна подготвува нови активни офанзивни операции. Го гледаме тоа и знаеме. Ние реагираме на тоа на соодветен начин“, изјави Путин во интервју за телевизискиот канал Русија-1.

Според него, руската армија ги подобрува позициите практично по целата линија на воениот контакт.

„Она што се случува сега по целата линија на воениот контакт се нарекува „активна одбрана“. Нашата армија ги подобрува своите позиции практично во целата област, која е доста голема“, рече Путин.

Рускиот претседател им се заблагодари на раководството и на борците од првата линија на руските вооружени сили за нивната храброст и херојство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ