петок, 26 јули 2024

Путин: Украина да го поништи указот за забрана на преговори и да објави подготвеност за дијалог

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Украина, доколку сака да започне преговори со Русија, треба да го поништи указот за забрана на преговорите и да објави подготвеност за дијалог.

Објавено на

часот

Сподели

„Претседателот на Украина издаде указ со кој се забранува водење мировни преговори со нас. На сите, вклучително и на него самиот. Па, како може да се преговара ако не го сакаат тоа, дури издадоа и регулаторен документ кој ги забранува тие преговори“, рече Путин во интервју со Кинеската централна телевизија во пресрет на посетата на Кина.

Тој додаде дека украинската страна, доколку сака да започне преговори, прво треба да го поништи тој указ.

„И да објават подготвеност за тие преговори. Ние сме подготвени, вклучително и да ги користиме предлозите на нашите кинески пријатели“, рече Путин, а пренесува агенцијата РИА Новости.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ