Путин присуствуваше на концерт што јавно го пренесуваше телевизијата во чест на 80-годишнината од битката кај Курск, во времето кога авионот на Пригожин наводно се урна во средата вечерта.
Путин не ја спомна несреќата, која се случи точно два месеци откако платениците на Вагнер организираа оружен бунт против руската војска, уривајќи неколку авиони и убивајќи најмалку 13 руски војници додека силите на Пригожин напредуваа кон Москва.
Во времето на бунтот, Путин рече дека Вагнер „ја изневерил Русија и ќе биде одговорен за тоа“, иако тој тогаш им дозволи на Пригожин и неговите борци да преминат во Белорусија.
„Ова е нож во грбот на нашите војници и народот на Русија“, рече тогаш Путин.