Словачкиот премиер Роберт Фицо „кажа дека тие радо ќе ја понудат платформата, ако дојде до преговори“, кажа Путин на конференција за новинарите и го оцени тоа решение како прифатливо.
„Ние не сме против тоа“, кажа Путин, фалејќи ја „неутралната позиција“ на Словачка.
Фицо, еден од ретките европски лидери кој остана отворен за соработка со Русија, се сретна со рускиот лидер во Москва на 22 декември.
Фицо, кој од есента 2023 ја води владата на Словачка, членка на Европската Унија и НАТО, одлучи да ја прекине воената помош за Киев и повикува на мировни преговори.
Тој го обвинува Киев дека го загрозува снабдувањето на неговата земја со руски гас, од кој зависи словачката економија.
За можноста за мировни преговори за прекин на конфликтот во Украина сè повеќе се расправа пред враќањето на американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа.