Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека ќе го нападне Киев со новите хиперсонични балистички ракети орешник доколку Украина не престане да ги користи ракетите АТАКМС во нападите на руска територија.
Владимир Путин тврди дека ракетите орешник е невозможно да се пресретнат и дека имаат деструктивна моќ слична со онаа на нуклеарното оружје, дури и кога се опремени со конвенционални боеви глави.
Во средата, Министерството за одбрана во Москва објави дека Украина користела ракети АТАКМС во нападот на аеродромот во Таганрог, на Црно Море.
Одговорот ќе биде соодветен, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, пренесува АФП.