сабота, 27 јули 2024

Путин се сретна со официјални претставници во Обединетите Арапски Емирати

Министерот за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан се сретна со рускиот претседател Владимир Путин и во соопштението изјави дека разговарале за „важноста од зајакнување на дијалогот и соработката за да се обезбеди стабилност и напредок“.

Објавено на

часот

Сподели

На почетокот на разговорот со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, Мохамед бин Зајед Ал Нахјан, Путин понудил да разговараат за енергетската соработка, конфликтот на Блискиот Исток и „кризата во Украина“.

Тој ја пофали состојбата на односите на Русија со Обединетите Арапски Емирати и ѝ честиташе на земјата што е домаќин на разговорите за климатските прашања КОП28.

Ниту Саудиска Арабија ниту Емиратите не се потписници на основачкиот договор на Меѓународниот кривичен суд, што значи дека немаат обврска да го приведат Путин со налог за апсење според кој тој е обвинет дека е лично одговорен за киднапирањето на украинските деца за време на руската војна во таа земја.

Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија, каде што Путин треба да се сретне со престолонаследникот Мохамед бин Салман, се клучни учесници во меѓународните преговори за ставање крај на војната меѓу Израел и Хамас.

Путин сака да ја зајакне позицијата на Русија како моќен посредник во конфликтот на Блискиот Исток и да го предизвика Вашингтон, нарекувајќи ја војната неуспех на американската дипломатија.

Тој посочи дека Москва би можела да дејствува како посредник благодарение на пријателските врски и со Израел и со Палестинците.

Путин ќе ја продолжи својата дипломатска офанзива во четврток, кога ќе се сретне со иранскиот претседател Ебрахим Раиси во Кремљ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ