сабота, 27 јули 2024

Путин се согласил на интервјуто со Такер Карлсон бидејќи е „поинаков од западните медиуми“

Рускиот претседател Владимир Путин се согласил на интервјуто со американскиот телевизиски новинар Такер Карлсон бидејќи неговиот пристап е поинаков од едностраното известување на мејнстрим западните медиуми, соопшти Кремљ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков кажа дека западните медиуми повеќе не се ни трудат да изгледаат објективни во известувањето за Русија, и дека затоа не постои желба на Москва да комуницира со нив.

„Што се однесува до колективниот Запад, големите медиумски мрежи, телевизиските канали и големите весници не можат да се пофалат ниту се трудат да останат непристрасни во своето известување“, кажа Песков.

„Тоа се медиумски куќи кои водат исклучително еднострана позиција. Нормално, немаме желба да комуницираме со такви медиуми, а тоа и нема смисла бидејќи не е веројатно дека би било корисно“, додаде тој.

Прашан директно зошто Путин се согласил на интервјуто со Карлсон, Песков одговори дека ставот на тој Американец не се согласува со поголемиот дел западни медиуми.

„Неговиот став е поинаков од другите. Тој не е ниту проруски, ниту проукраински – туку проамерикански, но барем е спротивен на ставовите на традиционалните англосаксонски медиуми“ кажа Песков.

Интервјуто ќе биде објавено вечерва.

Поранешниот водител на Фокс њуз и десничарски аналитичар Такер Карлсон се пофали во вторникот дека добил ретко интервју со Путин. Карлсон кажа дека негова должност е да ги информира луѓето.

„Две години по почетокот на војната која го преобликува светот, повеќето Американци не се информирани“, кажа тој, обвинувајќи ги „корумпираните медиуми“.

Карлсон најави дека интервјуто со Путин ќе биде објавено на неговиот сајт и на социјалната мрежа Икс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ