Путин ова го рекол во разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Тој, исто така, повторил дека Русија би можела да извезува значителни количества ѓубрива и храна доколку бидат укинати санкциите против Москва, соопшти Кремљ.
„За време на дискусијата за ситуацијата во Украина, акцент беше ставен на обезбедувањето безбедна пловидба во Црно и Азовско Море и елиминирањето на заканите од мини во нивните води“, се вели во соопштението на Кремљ.
„Владимир Путин ја истакна подготвеноста на руската страна да овозможи непречен поморски транзит на стоки во координација со турските партнери. Тоа важи и за извозот на жито од украинските пристаништа“, соопшти Кремљ.