среда, 23 октомври 2024

Путин: Сè што се случува околу Украина за Русија е прашање на живот или смрт

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека за Русија сѐ што се случува околу Украина е прашање на живот или смрт, судбина на земјата, додека за Западот е само прашање на тактичка позиција.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во интервју за телевизијата „Расија 24“, Путин, осврнувајќи се на историскиот дел од неговото интервју со американскиот новинар Такер Карлсон, рече дека е важно и руските, но уште повеќе слушателите и гледачите во странство, да разберат колку за Русија е чувствително и важно сето тоа што се случува на украинската рута, пренесува РИА новости.

„За нив (Западот) ова е подобрување на тактичката позиција. Но за нас ова е судбина, ова е прашање на живот или смрт“, рече Путин.

Вака тој одговори на прашање за делот од неговото неодамнешно интервју што му го дал на Карлсон, а кое ѝ го посветил на историјата, односно потеклото на руската државност.

„Сакав луѓето што ќе го слушаат да го разберат тоа. Дали успеав во тоа или не, не е мое да судам“, додаде Путин.

Тој посочи дека делот од интервјуто поврзан со историјата нема да биде лесен за разбирање за западните гледачи, но дека овој дел е важен за во странство да разберат како размислува Русија.

Американскиот новинар Такер Карлсон на 9 февруари објави интервју со Путин, а во почетокот на интервјуто Путин зборуваше за иднината на руската држава.

Интервјуто привлече големо внимание низ светот, бидејќи тоа беше прво интервју на Путин со западен новинар по почетокот на рускиот напад врз Украина во февруари 2022 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ