сабота, 2 март 2024

Путин само на двајца европски лидери им ги честиташе Божиќ и Нова Година

Рускиот претседател Владимир Путин испрати празнични телеграми до лидерите на Заедницата на независни држави (ЗНД), со исклучок на Молдавија, како и лидерите на Абхазија и Јужна Осетија, објави прес-службата на Кремљ. Од европските лидери тој им честитал само на унгарскиот премиер Виктор Орбан и на српскиот претседател Александар Вучиќ, соопшти Кремљ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Рускиот претседател испрати и срдечни пораки до лидерите на Кина, Индија, Виетнам, Лаос, Боливија, Бразил, Венецуела, Куба, Никарагва, Сирија, Турција и Јужна Африка, пренесе руската државна новинска агенција ТАСС.

Тој исто така испратил срдечни поздрави до папата Франциско и голем број поранешни странски лидери, меѓу кои и поранешниот француски претседател Никола Саркози и поранешниот германски канцелар Герхард Шредер.

Тој не испрати поздрав до ниту еден од лидерите на некоја непријателска земја, вклучително и САД.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ