сабота, 27 јули 2024

Путин сака странците кои доаѓаат во Русија да потпишат „договор за лојалност“

Објавено на

часот

Сподели

Откако рускиот претседател Владимир Путин ја нареди инвазијата во Украина во февруари 2022, Русија воведе низа закони кои забрануваат дискредитирање на војската, додека судовите осудуваат прозападни активисти на долги затворски казни. Со приближувањето на претседателските избори во 2024, Путин војната ја опишува како дел од егзистенцијалната борба со Западот и одбрана на руската цивилизација од „западната декаденцијата“.

Државната новинска агенција ТАСС објави дека министерството за внатрешни работи подготвило нацрт закон според кој сите странци кои влегуваат во Русија би потпишале договор за ограничување на слободата на говорот. Ќе им биде забрането „да се мешаат во активностите на јавните тела на Руската Федерација, да се дискредитира на кој било начин надворешната и внатрешната државна политика на Руската Федерација, јавните власти и нивните функционери“, објави ТАСС.

Предложениот договор би вклучувал клаузули за моралот, семејството, „пропагандата за нетрадиционалните сексуални односи“ и историјата. На странците би им се забранило и „искривување на историската слика за подвигот на советскиот народ во одбраната на татковината и неговиот придонес во победата над фашизмот“.

Се проценува дека Советскиот Сојуз изгубил од 27 до 30 милиони луѓе во Втората светска војна и на крајот ги потисна германските сили назад до Берлин.

Ројтерс не можел независно да го провери нацрт законот. Руското министерство за внатрешни работи не одговорило веднаш на прашањата. Законот сè уште не е официјално упатен во парламентот, а ТАСС не објави какви би биле последиците за странците ако го прекршат договорот.

За нацртот да стане закон, документот треба да помине низ парламентот, низ ревизија на одбори и гласање, пред да го потпише рускиот претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ