сабота, 27 јули 2024

Путин: Рускиот народ е поконсолидиран од кога било досега

Објавено на

часот

Сподели

„Рускиот народ е поконсолидиран од кога било досега. Руските политички кругови и целото општество јасно го покажаа своето единство и високото чувство за одговорност за судбината на татковината кога обединето одговорија на обидот за вооружен бунт“, рече Путин на виртуелниот состанок на Шангајската организација за соработка, група која ги вклучува Кина и Индија.

Бунтот на Вагнер беше решен со посредство на белорускиот претседател Александар Лукашенко. Путин им се заблагодари на армијата и безбедносните служби што спречија хаос и граѓанска војна. Во својот говор Путин рече и дека Русија ќе се спротивстави на западните санкции и „провокации“.

Тој исто така рече дека Москва планира да ги зајакне врските со Шангајската организација за соработка и ја поддржа транзицијата кон плаќања во локална валута во надворешната трговија. Тој предупреди и дека потенцијалот за конфликти и ризикот од светска економска криза е во пораст.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ