сабота, 27 април 2024

Путин: Русија нема непријателски земји, туку непријателски елити во некои земји

Русија нема непријателски земји, туку има непријателски елити во некои земји, кажа рускиот претседател Владимир Путин.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Постојат многу достигнувања, дури и во оние земји кои денес ги нарекуваме непријателски. Иако немаме непријателски земји, имаме непријателски елити во тие земји“, кажа Путин на состанок со културните работници на Тверската област.

Претседателот на Русија наведе дека во европската култура има многу добри работи, но дека има и многу проблеми.

„Русија има единствена прилика да сфати што се случува во европските земји и постиндустриското општество и да реагира во согласност со тоа и навремено“, истакна Путин.

Тој истакна дека Русија денес е на второто место по количеството време што граѓаните го поминуваат во читање.

„Современата руска јавност, руските граѓани почнуваат сè повеќе да читаат. Според истражувања на меѓународни организации, Русија денес е на второто место во светот според времето што граѓаните на земјата го минуваат во читање“, кажа Путин, напоменувајќи дека Кина е на првото место, а Шпанија на третото.

Тој оцени дека културата не е оружје или орудие, туку тло на кое Русија цврсто стои и се развива.

„Целата наша земја, врз основа на нашата култура, стои цврсто на нозете и самоуверено гледа во иднината благодарение во голема мера и на вашата работа“, порача рускиот лидер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ