петок, 26 јули 2024
Парада на победата во Москва

Путин: Русија нема да дозволи глобален конфликт, но нема да трпи никој да ѝ се заканува (ВИДЕО)

Претседателот Владимир Путин денеска рече дека Русија ќе стори сѐ за да избегне судир на светските сили, но нема да дозволи да биде загрозена, во говорот по повод годишнината од советската победа над нацистичка Германија во Втората светска војна.

Објавено на

часот

Сподели

Путин им се обрати на огромниот број руски војници на Црвениот плоштад.

„Русија ќе стори сѐ за да спречи глобален судир. Но во исто време нема да дозволиме никој да ни се заканува. Нашите стратегиски сили секогаш се во состојба на борбена готовност“, рече Путин во краткиот говор додека снегот го покриваше огромниот плоштад, пренесува Ројтерс.

„Западот би сакал да ги заборави лекциите од Втората светска војна, но ние се сеќаваме дека судбината на човештвото беше решена во грандиозните битки кај Москва и Ленинград, како и други градови“, рече Путин.

Претседателот истакна дека Русија „доживува тежок период на пресвртница“ во својата историја, истакнувајќи дека судбината на земјата зависи од секој Русин. „Овој Ден на победата го славиме во услови на специјалната воена операција – сите нејзини учесници, оние што се на фронтот – тие се нашите херои. Се поклонуваме на нивната истрајност и пожртвуваност. Цела Русија е со вас“, рече Путин.

Рускиот лидер истакна дека земјата се сеќава на сите оние што ги загубија животите во борбата против нацизмот и оние што беа убиени за време на конфликтот во Украина.

Руските стратегиски сили секогаш се во состојба „на готовност“ против заканите за земјата, рече рускиот претседател на парадата за Денот на победата.

„9 мај секогаш е многу емотивен, потресен ден… Денот на победата ги обединува сите генерации. Одиме напред според нашите вековни традиции и уверени сме дека заедно ќе обезбедиме слободна, безбедна иднина за Русија“, истакна Путин.

Откако повика на едноминутен молк, Путин заврши со зборовите: „За Русија! За победа! Ура!“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ