среда, 23 октомври 2024

Путин: Русија ќе се справи со украинските бандити во Курската област

Русија ги брани и жителите на Донбас и неговата иднина, за во Украина да нема непријателски бази и други антируски структури, рече рускиот претседател Владимир Путин.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот Владимир Путин денеска рече дека упадот на Киев во руската област Курск нема да го спречи напредувањето на Москва во источна Украина и вети дека ќе се справи со украинските „бандити“ таму.

Ненадејниот упад на Украина на 6 август во Русија расели околу 130.000 луѓе, а Киев сега држи делови од пограничниот регион Курск.

Оттогаш Москва продолжи да притиска во источна Украина, одолевајќи да повлече војници од окупираната Украина и да ги прати кон Курск.

„Нивната пресметка беше да ги запрат нашите офанзивни акции во клучните делови на Донбас. Резултатот е познат… Тие не успеаја да го запрат нашиот напредок во Донбас“, им рече Путин на ученици во Сибир.

„Резултатот е јасен. Да, луѓето минуваат низ тешки искуства, особено во регионот Курск. Но главната цел што ја имаше непријателот – да ја запре нашата офанзива во Донбас – не ја постигна“, рече Путин.

Тој додаде дека Москва остварува напредок со „стапка што ја немавме долго време“.

Киев рече дека една од неговите цели со навлегувањето во Курск била да ја преоптовари руската армија и да ја принуди да повлече резервисти од источна Украина.

„Ние, секако, треба да се справиме со овие бандити што влегоа на територијата на Руската Федерација, особено во регионот Курск, обидувајќи се да ја дестабилизираат ситуацијата во пограничните области“, рече Путин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ