сабота, 27 јули 2024

Путин: Русија и Белорусија подготвуваат безбедносен концепт за својот сојуз

Објавено на

часот

Сподели

Тој посочи дека е од големо значење што „на дневен ред на денешната седница е ставено прашањето за почетокот на подготовката на концептот за безбедност на Федералната држава“.

„Овој документ треба да ги формулира фундаменталните задачи на нашата соработка во светлина на растечката тензија на надворешните граници на нашите земји и војната со санкции и информациската војна што е почната против нас“, рече рускиот лидер на состанокот на Врховниот државен совет на Унијата на Русија и Белорусија.

Тој изјави дека Москва и Минск имаат намера да ја прошират соработката во одбранбената и воено-техничката сфера. „Русија и Белорусија ја градат и ќе ја продолжат соработката на полето на одбраната и безбедноста и ја прошируваат соработката во воено-техничката сфера, што одговара на основните интереси на нашите земји и народи“, рече тој, додавајќи дека ова е навистина важно, со оглед на „тешката моментална меѓународна ситуација“.

Според него, Русија и Белорусија имаат намера да ги зајакнат врските со земјите што сакаат да соработуваат. Тој оцени дека Русија и Белорусија успеале да постигнат многу во интеграцијата и дека соработката меѓу двете земји е зајакната во одбранбената сфера, како и дека двете земји ги обединуваат традиционалното пријателство и заедничките културни, духовни и морални вредности.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ