сабота, 27 јули 2024

Путин: Русија е категорично против распоредување нуклеарно оружје во вселената

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека Москва е „категорично против“ распоредување нуклеарно оружје во вселената, по обвинувањата на Вашингтон дека има планови за развој на такво против-сателитско оружје.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Отсекогаш сме биле категорично против распоредувањето нуклеарно оружје во вселената и продолжуваме да бидеме“, рече Путин за време на состанокот со неговиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Шојгу рече дека Русија го нема типот на оружје каков што САД ја обвинуваат дека сака да го постави во вселената.

Веста за можноста на Русија се појави минатата недела по предупредувањето од претседателот на Комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом, републиканецот Мајк Тарнер, кој го повика американскиот претседател Џо Бајден да ги декласифицира информациите за „голема закана за националната безбедност“.

Белата куќа минатата недела потврди дека претставници на американските разузнавачки служби имаат информации кои укажуваат на тоа дека Русија стекнала способност за ново против-сателитско оружје, иако рече дека таквото оружје сè уште не е оперативно.

Американскиот претседател Џо Бајден изјави во петокот дека „нема докази дека донеле одлука да направат нешто во вселената“ и повтори дека нема непосредна опасност за луѓето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ