сабота, 27 јули 2024

Путин: Прославата на Велигден обединува милиони луѓе

Рускиот претседател Владимир Путин, честитајќи им го Велигден на Русите и на сите православни христијани, ја истакна позитивната улога на Руската православна црква и другите христијански цркви.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Важно е да се создаде креативната, плодоносна работа на Руската православна црква и на другите христијански вероисповеди, со цел зачувување на нашето богато историско, културно, духовно наследство, јакнењето на институцијата семејство, воспитувањето на младите, воспоставувањето во општеството на таквите трајни вредности и морални насоки како грижата за блиските, милосрдието и сочувството. Духовните овчари секогаш биле со народот, а денес, соочени со сериозни предизвици, христијанските верски организации им пружаат ефикасна, несебична помош на оние на кои им е потребно внимание и поддршка“, кажа рускиот претседател.

 

Путин напомена дека прославата на Велигден во Русија има богата духовна традиција која обединува милиони луѓе, се пренесува од генерација на генерација и инспирира добри дела.

Рускиот лидер заедно со градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин присуствуваше на ноќната велигденска служба во храмот Христос Спасителот во Москва. Службата ја водеше патријархот московски и на цела Русија Кирил.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ