петок, 27 септември 2024

Путин: Пропаднаа обидите на Западот да ја скроти и изолира Русија

Рускиот претседател Владимир Путин оцени дека обидите на Западот да ја скроти и изолира Русија не успеале.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Нашите противници продолжуваат да го снабдуваат неонацистичкиот режим во Киев со пари, оружје и разузнавачки информации, дозволувајќи, и всушност охрабрувајќи ја употребата на современо западно оружје и опрема за напад на руска територија, очигледно во повеќето случаи насочени кон цивилни цели. Тие се закануваат дека ќе испратат свои воени контингенти во Украина“, рече Путин во напис за севернокорејскиот весник Нодонг Синмун, чиј текст го објави прес-службата на Кремљ.

Во исто време, додаде рускиот лидер, западните земји се обидуваат да ја исцрпат руската економија со нови санкции и да предизвикаат пораст на општествено-политичките тензии во земјата.

„Но, колку и да се трудат, сите нивни обиди да ја скротат и изолираат Русија не успеаја“, рече Путин.

Тој потсети дека Русија го зголемува својот економски потенцијал – во земјата се развиваат индустријата, технологијата, инфраструктурата, а постигнат е напредок и во областа на науката, образованието и културата.

Путин исто така изјави дека Русија отсекогаш ја поддржувала и ќе ја поддржува КНДР и „херојскиот корејски народ во спротивставувањето на агресивниот Запад“, во нивната борба за независност, идентитет и право да го изберат својот пат на развој.

„Мило ми е што нашите корејски пријатели, и покрај долгогодишниот економски притисок, провокациите, уцените и воените закани од САД, се подеднакво ефикасни во одбраната на своите интереси“, вели Путин во авторскиот текст.

Рускиот лидер истакна дека Русија е подготвена за блиска соработка со цел меѓународните односи да бидат подемократски и постабилни.

„За да се постигне ова, руските власти ќе развијат алтернативни механизми за трговија и меѓусебни договори кои Западот не ги контролира и заедно ќе се спротивстават на нелегитимните еднострани ограничувања. И во исто време, да изградиме архитектура на еднаква и неделива безбедност во Евроазија“, заклучи Путин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ