среда, 23 октомври 2024

Путин потпиша закон за конфискација на имот поради лажни вести за војската

Во тек се и измени на Кривичниот законик и Законот за кривична постапка.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша федералниот Закон за конфискација на имот поради лажни вести за армијата, кој беше објавен на официјалната веб-страница со правните документи.

Во тек се измени на Кривичниот законик и Законот за кривична постапка, пренесува РИА новости.

На 7 февруари, Советот на Федерацијата, горниот дом на рускиот парламент, усвои закон со кој се конфискува имотот на осудените за ширење лажни информации за вооружените сили на Руската Федерација и повикување на активности насочени кон поткопување на интегритетот и безбедноста на Русија.

Во образложението се наведува дека во документот се воведува механизам за конфискација на пари, вредни предмети и други средства поради ширење лажни вести за руската армија, како и дали овие средства се користат за финансирање криминал и какви било други активности насочени против државната безбедност.

Државната дума, долниот дом на рускиот парламент, го усвои овој закон на 31 јануари.

Според руските закони донесени минатиот март, дискредитирањето на вооружените сили или ширењето лажни информации за војската се казнуваат со долги затворски казни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ