сабота, 27 јули 2024

Путин потпиша декрет за користење на американски средства во Русија

Русија ќе ги евидентира американските средства, вклучително и хартии од вредност, кои би можеле да се користат како компензација за руските загуби поради замрзнувањето на руските средства во САД, се вели во декретот потпишан од претседателот Владимир Путин.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Преговарачите на Г7 со недели дебатираа за тоа како најдобро да се искористат руските средства вредни околу 300 милијарди долари, во различни големи светски валути и државни обврзници, замрзнати непосредно откако Москва ја нападна Украина во февруари 2022 година.

Во уредбата издадена денеска наведени се хартии од вредност, недвижен имот, имоти и имотни права од имот во сопственост на САД кој е предмет на заплена.

Поранешниот претседател Дмитриј Медведев минатиот месец призна дека има занемарлив износ на американски владини средства во Русија и дека секој одговор од Русија би бил асиметричен, што значи дека повеќе ќе се фокусира на имотот на приватни лица.

Средствата на бројни странски инвеститори во Русија, вклучително физички лица и големи американски инвестициски фондови, се чуваат на посебни сметки „тип Ц“, воведени од Русија набргу откако испрати војници во Украина и беше погодена од серија западни санкции во февруари 2022 година.

Парите на овие сметки не можат да се префрлаат надвор од Русија без дозвола на руските власти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ