„Се колнам дека ќе ги почитувам и штитам правата и слободите на човекот и граѓанинот, дека ќе го почитувам и штитам Уставот, суверенитетот, независноста, безбедноста и интегритетот на власта“, рече Путин.
На инаугурацијата, старо-новиот руски претседател ги коментираше односите со Западот: „Русија останува отворена за дијалог и од другата страна зависи како ќе продолжиме“.
„Западот треба да одлучи дали сака да се вклучи во дијалог со Русија или да продолжи со бескрајна агресија во обид да го попречи развојот на земјата“, рече тој во својот говор на инаугурацијата.
Церемонијата се одржа во Големата палата на Кремљ, а на неа присуствуваа десетици државници, меѓу кои и високи претставници од парламентот и од уставниот суд.
Владимир Путин помина речиси четвртина век како руски лидер.