сабота, 27 јули 2024

Путин патува во Турција без страв од апсење

Претседателот на Русија Владимир Путин ќе ја посети Турција каде што ќе се сретне со претседателот Реџеп Таип Ердоган на 12 февруари, соопшти денес турски функционер.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Посетата на Путин на Турција ќе биде прва на некоја НАТО членка откако Русија ја почна инвазијата во Украина во февруари 2022 година.

Патувањата на Путин во странство се ограничени од март минатата година кога Меѓународниот кривичен суд (ИЦЦ) издаде потерница по него поради наводна депортација на украински деца во Русија, што се смета за воено злосторство.

Русија го негираше обвинението и го нарече скандалозно, но кажа дека е секако правно неважечко бидејќи Русија не е членка на ИЦЦ.

Турција исто така не е членка на ИЦЦ, така што Путин може да патува во Турција без страв од апсење.

Турција од почетокот на конфликтот се труди да одржи добри односи со Москва, но и со Киев. Ѝ овозможи воена помош на Украина и изрази поддршка на нејзиниот територијален интегритет, но исто така начелно е против санкциите против Русија.

Анкара настојува да ја увери Русија да се врати во таканаречената Црноморска иницијатива за житарки откако Москва се повлече од неа минатиот јули, прекинувајќи го заштитениот извоз од украинските пристаништа среде војната. Ердоган кажа дека алтернативите на тој договор не се покажале како долготрајно решение.

Ердоган, пак, ќе патува во Египет на 14 февруари, откако двете земји ги подобрија своите односи со минатогодишното именување амбасадори по децениите тензии.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ