сабота, 27 јули 2024

Путин официјално се кандидираше за претседател

Рускиот претседател Владимир Путин официјално се кандидираше за претседателските избори што ќе се одржат од 15 до 17 март, објави новинската агенција Интерфакс, повикувајќи се на Централната изборна комисија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Поддржувачите и противниците очекуваат Путин да добие нов шестгодишен мандат кој, доколку го заврши, ќе го направи руски владетел со најдолг стаж од 18 век.

Путин од почетокот на војната во Украина ја засили својата репресија врз опозицијата, а неговите најистакнати критичари или побегнаа во странство или се во затвор.

Оние кои му се спротивставуваат, вклучително и антивоениот кандидат Борис Надеждин, имаат рок до среда да го соберат потребниот број потписи за поддршка на своите кампањи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ