сабота, 27 јули 2024

Путин официјално прогласен за победник на претседателските избори

Актуелниот претседател доби над 87 отсто од гласовите, обезбедувајќи петти мандат на власт, според изборниот орган на земјата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Руската Централна изборна комисија (ЦИК) денеска официјално го прогласи Владимир Путин за победник во претседателската трка во 2024 година.

Со 76,27 милиони преброени гласови во негова корист, Путин доби 87,28 отсто од гласачките ливчиња на изборите на 15-17 март, според шефицата на ЦИК, Ела Памфилова.

Комунистичкиот кандидат Николај Харитонов се пласираше на второто место со 4,31 отсто од гласовите, а зад него се кандидатот на Нови луѓе Владислав Даванков со 3,85 отсто и националистот Леонид Слуцки со 3,20 отсто од гласовите.

Победата на Путин никогаш не беше доведена во прашање бидејќи сите негови главни противници се принудени на егзил, затворени или мртви, вели Москва тајмс и додава дека во меѓувреме Кремљ водеше брутална акција против неистомислениците откако ја почна инвазијата на Украина во февруари 2022 година.

Надвор од Русија, Памфилова рече дека Путин освоил мнозинство на избирачките места во САД, Германија, Австралија, Латвија, Естонија и Ерменија. Шефицата на ЦИК рече дека 388.791 Русин гласале на изборите во странство.

Западните влади ги критикуваа изборите во Русија како неслободни и нефер, додека сојузниците на Москва и неутралните земји му честитаа на Путин за неговата победа и покрај многуте информации за изборна измама, вели МТ.

Аналитичарот Иван Шукшин рече дека неговото моделирање на податоците од избирачките места покажало дека околу 22 милиони гласачки ливчиња за Путин биле лажни.

Шукшин, кој ги анализира податоците од руските и други избори од 2017 година наваму, рече дека неговото моделирање укажува на 22 милиони лажни гласачки ливчиња дадени за Путин оваа година, без да се сметаат резултатите од електронското гласање и податоците од избирачките места во украинските региони припоени од Русија.

Шукшин ја пресметал бројката од 22 милиони според аномални модели што ги открил меѓу руските избирачки места со многу високи стапки на излезност и оние со помала излезност.

На едни просечни избори, гласачките места со различно ниво на излезност треба да покажат слично ниво на поддршка за различни кандидати, изјави Шукшин во интервју за Ројтерс.

Но неговата анализа за изборите во Русија, која ја објави на интернет, вели дека на некои локации и излезноста и процентот на поддршка за Путин биле исклучително високи.

„Ако се полнат (гласови) за некого, тоа ги зголемува и излезноста и резултатите на еден од кандидатите“, рекол Шукшин, говорејќи од Вилнус во Литванија, каде што сега живее.

Податоците на Централната изборна комисија од четири избирачки места во јужниот регион Белгород покажаа дека Путин освоил 100% од гласовите со 100% излезност, односно вкупно 7.911 гласа. Некои области во регионот беа погодени од украински гранатирања за време на изборите на 15-17 март, привремено прекинувајќи го гласањето.

Иако резултатите од поединечните гласачки места можеби се мали, тие стануваат позначајни кога ќе се соберат на куп од сите 93.541 избирачко место на меѓународно признатата руска територија, рече Шукшин.

„Врз основа на овие принципи, можно е да се дефинира одредена зона на која генерално можеме да ѝ веруваме и зона на која не може да ѝ се верува“, рече тој.

Кремљ во средата инсистираше дека е „невозможно да се оспори“ дека трката за претседател на Русија во 2024 година била „апсолутно чесна“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ