понеделник, 15 април 2024

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна бесмислица

Рускиот претседател Владимир Путин ги осуди обвинувањата на Западот дека Русија планира да се бори против Европа. Ги нарече „целосна бесмислица“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Што се однесува до тврдењата дека планираме инвазија на Европа по Украина, ова е целосна глупост со цел да се заплаши нивното население да плати повеќе пари“, рече тој на состанокот со воените пилоти во регионот Твер, пренесува Тасс.

Путин вели дека наративот за рускиот план да ја нападне Европа се одвива „среде опаѓање на економијата и влошување на животниот стандард“.

„Тоа е апсолутно јасно и сите го признаваат. Ова не е пропаганда. Ова навистина се случува. Тие треба да се оправдаат, па го заплашуваат своето население со потенцијална закана од Русија и се обидуваат да го прошират својот наратив на целиот свет“, рече Путин, пишува ТАСС.

Обраќајќи им се на пилотите на руските воздухопловни сили, Путин рече дека од падот на Советскиот Сојуз во 1991 година, воената алијанса предводена од САД се прошири на исток кон Русија, но дека Москва не планира да нападне ниедна земја на НАТО.

„Немаме намера за агресија кон тие земји“, рече Путин, според транскриптот на Кремљ објавен денеска. „Полска, балтичките земји, а и Чесите се во страв, но идејата дека ќе нападнеме друга земја е целосна бесмислица. Тоа е глупост“, додаде тој.

Кремљ, кој ги обвинува САД дека се борат против Русија со тоа што ја поддржуваат Украина со пари, оружје и разузнавачки информации, вели дека односите со Вашингтон веројатно никогаш не биле полоши.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ