сабота, 27 јули 2024

Путин: Ние не ја започнавме таканаречената војна во Украина; Пред нас е задачата да изградиме нов свет

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија не ја започнала „таканаречената војна во Украина“, туку дека се обидува да ја прекине.

Објавено на

часот

Сподели

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека Соединетите Американски Држави се обидуваат да ја наметнат својата хегемонија во распаѓање низ светот и дека војната во Украина покажува колку Западот изгубил контакт со реалноста.

„Ние не ја започнавме таканаречената војна во Украина. Напротив, се обидуваме да ја прекинеме“, рече Путин во говорот на состанокот на дебатниот клуб „Валдаи“ во црноморското одморалиште Сочи.

Војната ја предизвика Западот бидејќи САД се однесуваа како „хегемон“ кој се смета себеси за единствен арбитер на вистината на планетата, рече шефот на Кремљ, додавајќи дека Русија морала да возврати. Путин ги обвини САД дека арогантно им кажуваат на другите земји како да се однесуваат.

Во своето годишно обраќање до дебатниот клуб, Путин му порача на Вашингтон: „Цело време слушаме „вие морате“, „вие требате“, „сериозно ве предупредуваме“. Кои сте вие воопшто? Кое право го имате кого било да предупредувате? Можеби е време да се ослободите од вашата ароганција, да престанете да се однесувате така кон светот“.

Путин рече дека Русија ги гледа сите цивилизации како еднакви и дека е подготвена за „конструктивна соработка“, додека Западот, заборавајќи го значењето на компромисот, ја смета секоја земја што ѝ се спротивставува за непријател. Тој како пример ги наведе Кина, Индија и арапските држави.

Рускиот претседател рече дека западните лидери го изгубиле „чувството за реалноста“ поради, како што го нарече „колонијалното размислување“ на Вашингтон. Тој го доведе во прашање правото на САД да подучуваат која било друга земја. За војната во Украина, тој рече дека „постои постојано зголемување на воениот и политички притисок (од Западот)“.

„Мораме да одговориме. Многупати реков дека ние не ја започнавме војната во Украина. Напротив, се обидуваме да ја прекинеме“, тврди тој. Тој се осврна и на конфликтот со Западот, велејќи дека „придржувањето кон блоковскиот пристап, желбата светот да се вовлече во ситуација на траен конфликт меѓу „нас“ и „нив“ се злобно наследство на 20 век“.

„Тоа е производ на западната политичка култура. На Западот секогаш му треба непријател“, додаде тој. Путин исто така истакна дека Русија ќе биде подготвена за конструктивна соработка со оние кои бараат мир и просперитет. Тој рече дека е убеден дека ќе се воспостави мултиполарен свет и дека светот на иднината е свет на колективни одлуки.

Мисијата на Русија е да „изгради нов свет“, рече рускиот претседател кој иако ја осудува западната „хегемонија“, и рускиот напад врз Украина го стави во таа перспектива, а не во перспектива на „територијален конфликт“.

Руската инвазија на Украина во февруари 2022 година опустоши големи делови од источна и јужна Украина и остави стотици илјади мртви или повредени, што го предизвика најголемиот прекин на врските меѓу Русија и Западот во последните шест децении.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ