сабота, 27 јули 2024

Путин: Непријателите на Русија не разбираат со кого си имаат работа

Рускиот претседател Владимир Путин вечерва изјави дека непријателите на Русија „не разбираат со кого си имаат работа“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Русија е таква заедница на луѓе обединети со заеднички цели, без разлика на етничката или религиозната припадност. Имаме заедничка култура, нешто што нè обединува сите“, рече Путин за време на разговорите со лидерите на фракциите во Државната дума, пренесе Тасс.

Тој додаде дека „непријателот нема да успее во заплашувањето на рускиот народ“.

„Неодамна реков дека непријателот одлучи да го заплаши рускиот народ, мултинационалната заедница на Русија. Тоа никогаш не се случи, ниту ќе се случи. Обидите на непријателот да ги заплаши Русите имаат спротивен ефект“, рече Путин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ