сабота, 2 ноември 2024

Путин нема да присуствува на самитот на БРИКС во Јужна Африка

Објавено на

часот

Сподели

Кабинетот на јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса во средата објави дека рускиот лидер Владимир Путин нема да присуствува на самитот на лидерите на БРИКС во Јоханесбург следниот месец.

Одлуката ја донесоа двете нации, додава кабинетот.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ќе ја претставува Русија на овој важен настан, објави земјата-домаќин.

„Во догледно време, ќе биде објавена сеопфатна изјава за суштинските прашања што ќе бидат опфатени на самитот и други поврзани надворешнополитички прашања“, се вели во соопштението.

 

Москва претходно ја предупреди Јужноафриканската Република (ЈАР) дека апсењето на рускиот претседател Владимир Путин ќе биде еднакво на „објавување војна“, соопшти синоќа Рамафоса.

„Русија јасно стави до знаење дека апсењето на нејзиниот сегашен претседател ќе биде еднакво на објавување војна“, напиша Рамафоса во изјавата до Високиот суд во северната јужноафриканска провинција Гаутенг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ