сабота, 27 јули 2024
Од истоварувањето на сојузниците во Нормандија

Путин нема да биде поканет на одбележувањето 80 години од Денот Д

Русија ќе биде поканета да испрати свои претставници на церемонијата по повод 80-годишнината од Денот Д, но меѓу нив нема да биде претседателот Владимир Путин, поради „агресорската војна во Украина“, објавија организаторите на тој традиционален настан.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Со оглед на околностите, претседателот Путин нема да биде поканет да учествува на комеморацијата на 80-годишнината од истоварувањето на сојузниците во Нормандија“, се наведува во соопштението, пренесува Политико.

На церемонијата ќе им се оддаде почит на оние што се кренаа, што страдаа, што се бореа и ослободуваа, додаваат организаторите.

Ова не е првпат Путин да биде изоставен од списокот на гости, бидејќи во 2019 година не беше ниту поканет на 75-годишнината од Денот Д, на која присуствуваа Доналд Трамп, Ангела Меркел, Тереза ​​Меј и британската кралица Елизабета, меѓу другите.

Меѓутоа, во 2014 година, рускиот претседател беше поканет на 70-годишнината од Денот Д, и покрај анексијата на Крим неколку месеци претходно.

„Можеме да имаме несогласувања со Путин, но јас не заборавам и никогаш нема да заборавам дека рускиот народ даде милиони животи за време на Втората светска војна“, изјави тогаш францускиот претседател Франсоа Оланд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ