петок, 27 декември 2024

Путин не планира да му честита на Трамп: „Да не заборавиме дека зборуваме за непријателска земја“

Рускиот претседател Владимир Путин не планира да му честита на Доналд Трамп на очекуваната победа на претседателските избори во Соединетите Американски Држави, кажа портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Да не заборавиме дека зборуваме за непријателска земја која е директно и индиректно вклучена во војна против нашата држава“, додаде тој.

Песков кажа дека Русија внимателно ги следи информациите за американските избори и дека е малку веројатно дека тој ќе даде официјална проценка додека не види „конкретни зборови и постапки“, пренесува Си-ен-ен.

„Уште треба да причекаме, имајќи предвид дека актуелниот претседател на САД останува на функција уште речиси месец и пол“, укажа Песков на редовната прес-конференција.

Песков ги истакна „значајните изјави“ на Трамп, вклучувајќи го она што Кремљ го нарече „негова желба да ја прекине сегашната политика на продолжување на старите војни и почнување нови“.

„Кога се подготвува да влезе, или кога веќе влегол во Овалната канцеларија, препознаваме дека неговите изјави понекогаш добиваат поинаков тон. Затоа, внимателно анализираме сè, набљудуваме и ќе донесеме заклучоци врз основа на конкретни зборови и постапки“, објасни Песков.

„Повеќе пати кажавме дека САД имаат можност да помогнат во завршување на конфликтот. Нормално, тоа не може да се постигне преку ноќ“, додаде тој.

На прашањето дали Трамп би можел да биде навреден од изостанокот на честитка од Путин, портпаролот на Кремљ одговори дека е практично невозможно односите да станат уште полоши.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ