петок, 21 јуни 2024

Путин: Не ни треба нуклеарно оружје за да победиме во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин кажа дека за победа на Русија во Украина не е потребно нуклеарно оружје, што е до сега најсилниот сигнал дека нема да има нуклеарен напад. Путин, чии трупи во последните месеци несопирливо напредуваат на истокот на Украина, кажа дека не гледа услови за употреба на такво оружје и повика да престанат шпекулациите за тоа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој додаде дека не исклучува промени во руската нуклеарна доктрина која ги дефинира условите според кои таквото оружје би можело да се употреби. Кажа дека Русија би можела да тестира нуклеарно оружје ако биде потребно, иако не гледа потреба тоа да го направи во овој момент.

Путин со ова одговори на прашањето на Сергеј Караганов, влијателен руски аналитичар, кој го праша дали мора да го држи „нуклеарниот пиштол на главата“ на Западот во врска со Украина.

„Употребата (на нуклеарно оружје) е можна во исклучителен случај – во случај на закана за суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата. Мислам дека тоа не е случи. Нема потреба“, кажа Путин на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.

„Но доктрината е жива алатка и внимателно следиме што се случува во светот околу нас па не исклучуваме нејзини измени. Тоа се однесува и на тестирањето нуклеарно оружје“, кажа рускиот лидер.

Руската нуклеарна доктрина, објавена во 2000, ги дефинира условите во кои рускиот претседател може да одлучи за употреба на нуклеарно оружје како одговор на напад со нуклеарно и друго оружје за масовно уништување или на користење конвенционално оружје против Русија „кога е загрозена егзистенцијата на државата“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ