четврток, 19 септември 2024

Путин нареди зголемување на бројот на руски војници за 180.000, на вкупно 1,5 милиони

Претседателот на Русија Владимир Путин нареди денес зголемување на бројот на војниците за 180.000 на вкупно 1,5 милиони.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Претседателскиот указ објавен на официјалниот сајт на владата ќе стапи на сила на 1 декември. Со него се утврдува вкупниот број на рускиот воен персонал на речиси 2,4 милиони, од тоа 1,5 милиони војници и ѝ се наложува на владата за тоа да ги обезбеди неопходните финансиски средства.

Претходното зголемување на бројот на руски војници се случи минатиот декември, кога декрет на Путин го одреди вкупниот број на руски воен персонал на околу 2,2 милиони, од кои 1,32 милиони војници.

Руските трупи вршат притисок на истокот на Украина, каде постојано напредуваат во последните месеци. Руското министерство за одбрана соопшти денес дека ја вратило контролата врз уште две села во регионот Курск од украинските сили.

Откако повикаа 300.000 резервисти есента 2022 година, руските власти преминаа на пополнување на трупите кои се борат во Украина со доброволци, кои ги привлекоа со високи плати.

Многу аналитичари велат дека Кремљ не сакал да повика уште резервисти, плашејќи се од домашна дестабилизација, како онаа што се случи во 2022 кога голем број Руси избегаа од земјата за да избегнат да бидат мобилизирани и испратени во борба.

Недостигот од воен персонал често се наведува како клучна причина за почетниот успех на украинскиот упад во руската област Курск.

Кремљ настојува да избегне прераспоредувања на трупи од источна Украина и испраќа засилувања од други области за да го сопре украинскиот упад во руска територија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ