„Да се осигури формирање музеи (покраински, градски и за образовни цели) посветени на настаните од специјалната воена операција и достигнувањата на учесниците во нив“, стои во документот што се појави денеска на веб-страницата на Кремљ.
Путин нареди и да се разгледа кои предмети поврзани со, како што ја нарекува, „специјалната воена операција“ треба да бидат изложени во овие музеи.
„Владата треба дополнително да размисли како да го вклучи поглавјето за специјалната воена операција во предметот историја во образовниот систем“, ја објави Кремљ наредбата на Путин.
Од почетокот на инвазијата на Украина, Русија донесе низа репресивни закони, според чија примена, неколку лица, противници на режимот или непознати граѓани, беа осудени на долги затворски казни.
Безброј музеи, изложби и споменици ѝ се посветени на успесите на руската армија, вклучувајќи ги и оние за време на Втората светска војна.