четврток, 12 декември 2024

Путин најави здружување со БРИКС и формирање сојуз за вештачка интелигенција

Рускиот претседател Владимир Путин кажа денес дека Русија ќе развива вештачка интелигенција (АИ) со партнерите од БРИКС и со други земји во обид да конкурира на доминацијата на Соединетите Американски Држави во една од најнапредните и најважни технологии на 21 век. Во говорот на главната руска АИ конференција Путин кажа дека во говорот на главната руска АИ конференција Путин кажа дека новата Мрежа на АИ сојузи ќе вклучува национални сојузи и развојни институции во областа на вештачката интелигенција од земјите од БРИКС и други заинтересирани држави.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Русија мора рамноправно да учествува во глобалната трка за создавање силна вештачка интелигенција. Токму напредните решенија се она на што во моментов работат руски научници“, кажа Путин на конференцијата во Москва. „Ги повикуваме научниците од целиот свет да се придружат на соработката“, додаде тој.

Денес Сбербанка, главниот кредитор во Русија кој го предводи развојот на вештачката интелигенција, соопшти дека националните АИ сојузи од земјите на БРИКС – Бразил, Индија, Кина и Јужноафриканската Република – но и од Србија, Индонезија и други земји кои не се членки на БРИКС, се приклучиле на Мрежата на АИ сојузи.

САД и Кина се водечките сили во вештачката интелигенција, но потегот на Путин да се здржи со Кина може да ја смени динамиката во трката за вештачката интелигенција. Русија е една од десетте земји, вклучувајќи ги САД, Кина, Британија и Израел, кои развиваат сопствени генеративни модели на вештачка интелигенција.

Алатката Вајбранси АИ на универзитетот Стенфорд, која оценува 36 земји врз основа на 42 АИ показатели, вклучувајќи ги истражувањето и развојот, ја става Русија на 29 место.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ