сабота, 27 јули 2024

Путин најави „сериозни последици“ доколку се употреби западно оружје на руска територија

Рускиот претседател Владимир Путин денеска предупреди дека употребата на западно оружје за гаѓање цели на руска територија ќе донесе ризик од „сериозни последици“, бидејќи Украина веќе ги напаѓа пограничните области како одговор на руската инвазија.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Во Европа, особено во малите земји, треба да размислуваат со што си играат“, изјави Путин во Узбекистан, каде што е во официјална посета.

Рускиот претседател додаде дека тоа е „сериозна работа што мора да се има на ум, пред да се одлучи за напад длабоко на руска територија“.

„Оваа трајна ескалација може да предизвика сериозни последици“, рече Путин.

Украина се обидува да користи оружје испорачано од Запад против воени цели на руска територија, но ова прашање длабоко ги подели поддржувачите на Киев.

Италија и Германија ја споменаа опасноста од понатамошна ескалација, стравувајќи дека Путин би можел да употреби нуклеарно оружје, додека генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг смета дека сегашните ограничувања им „ги врзуваат рацете на Украинците“.

Путин смета дека тоа би било дополнително заострување, затоа што без разлика на тоа што украинската армија би извршила напади, тие би биле подготвени од западњаци кои ја снабдуваат Украина со оружје.

„Таква задача не подготвува украинската армија, туку претставниците на земјите на НАТО“, рече Путин, обвинувајќи го Западот дека „сака глобален конфликт“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ