среда, 23 октомври 2024

Путин најави промоција на „традиционалните руски вредности“ во светот

Рускиот претседател Владимир Путин побара денес од владата да развие програма за промоција на „традиционалните руски духовни и морални вредности“ во странство.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На интернет страницата на Кремљ е објавено соопштението дека Путин им наложил на функционерите одговорни за националните проекти да издвојат неодредено количество пари за програма наречена „Русија во светот“.

Целта на програмата би била „развивање на меѓународна соработка на младите и промовирање на традиционалните руски духовни и морални вредности во странство“, се наведува во соопштението.

Не е наведено кои вредности ќе се промовираат, но Русија покажува растечки анимозитет кон западното прифаќање на нетрадиционалните сексуални односи и родови идентитети.

Рускиот Врховен суд минатата година го забрани „меѓународното ЛГБТ движење“ како екстремистичко. Некои Руси од тогаш биле во затвор или се казнувани поради покажување материјали поврзани со ЛГБТ.

Од почетокот на конфликтот во Украина во 2022 година Путин јавно го карактеризира Западот како сатанистички и го обвинува дека се обидува да ја поткопа Русија со извоз на либерални идеологии.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ