четврток, 23 мај 2024

Путин ќе национализира компании само поради националната безбедност, во случаи кога „претпријатија нанесуваат директна штета на безбедноста на земјата“

Рускиот претседател Владимир Путин најави денес можност за национализирање компании во интерес на националната одбрана, напоменувајќи дека преминување на претпријатија во државна сопственост е оправдано само ако дејствата на сопственикот ѝ штетат на безбедноста на земјата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Би сакал да истакнам дека не станува збор за ревизија на приватизацијата, туку за случаи кога дејства или неактивност на сопственици на претпријатија и имотни комплекси нанесуваат директна штета на безбедноста и националните интереси на земјата“, истакна Путин, на конгресот на Рускиот сојуз на индустријалци и претприемачи, кој ги обединува големите претпријатија, пренесува Комерсант.

Рускиот лидер потсети на приватизацијата на некои претпријатија во 90-тите години, која е спроведена само во договор со регионалните, но н и сојузните власти. Истовремено напомена дека и самата тогашна власт одбила да учествува во овој процес.

„Тоа значи дека тужбите кон сегашните сопственици на имот се непримерни, особен кон оние кои работат нормално, успешно, ги решаваат социјалните прашања и помагаат во јакнењето на националната безбедност“, наведе Путин.

Според податоците на Федералната агенција за управување со имот, во 2023 година запленет имот е продаден за 20,4 милијарди рубљи. Потенцијално, списокот на приватизиран имот исто така бил можел да биде дополнет со неодамна национализирани објекти од стратегиско значење, вклучувајќи го и морското рибарско пристаниште во Мурманск.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ