„Колегите од Думата зборуваа и кажаа дека му е објавена војна на рускиот свет“, кажа Путин на состанокот на Државниот совет во Кремљ.
Тој предложи, поради ситуацијата во која се наоѓа Русија, како и поради тоа што во 2025 година ќе биде одбележана 80-годишнината од победата на Русија во Втората светска војна, следната година да се прогласи за „Година на заштитниците на татковината“.
Путин во 2008 година воведе традиција пред почетокот на годината да потпише указ на што ќе биде посветена следната година во Русија. Така 2022 беше Годинана културното наследство на Русија, а 2023 беше Година на педагозите и наставниците.
Претходно денес рускиот заменик министер за надворешни работи Александар Грушко кажа дека НАТО продолжува да се подготвува за оружен судир со Русија.
„НАТО се подготвува за оружен судир со Русија. САД и нивните сојузници ги отфрлија нашите предлози за јакнење на воената безбедност. Агресивното однесување на НАТО и директните ризици по безбедноста на Русија, поврзани со нив, се земаат предвид во процесот на планирање во областа на одбраната. Безбедноста на Русија ќе биде осигурена во секое сценарио“, порача Грушко.