петок, 26 јули 2024

Путин: На Бајден не му се допадна мојот одговор на прашањето кој е попожелен американски претседател за Москва

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека на претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден не му се допаднал неговиот одговор на прашањето за тоа кој иден американски претседател е попожелен во Москва, па Бајден се навредил.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Путин пренесувајќи го својот директен говор од разговорот со претседателот на САД цитираше: „Вие (Бајден) и јас неодамна разговаравме и ме прашавте кој е за нас (Русија) попожелен како иден претседател на САД“ и му кажав дека ќе работиме со кој било претседател, но дека верувам дека за нас, за Русија, Бајден е попожелен“, пренесува ТАСС.

Рускиот претседател кажа дека гневната реакција на Бајден во последниот говор и навредата која му ја упати кажувајќи дека е „луд кучкин син“ докажуваат дека бил во право кога го кажал тоа.

Путин на прашањето на новинарот Павел Зарубин кажа дека Бајден не бил во состојба да му одговори со „Владимире, ти благодарам, многу ми помогна“.

„Ние разбираме што таму се случува од внатрешно-политичка гледна точка и оваа реакција е апсолутно соодветна, што значи дека ја бев во право“, заклучи рускиот претседател.

Бајден во говор во Сан Франциско изјави дека „имаме луд кучкин син како оној тип Путин и други, и секогаш мора да се плашиме од нуклеарен конфликт“.

Кремљ денес ја осуди употребата на „срамниот речник“ од страна на претседателот на САД а поранешниот претседател на Русија Дмитриј Медведев возврати нарекувајќи го Бајден „бескорисен старец“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ