вторник, 22 октомври 2024

Путин ќе ја посети Монголија и покрај налогот за апсење од Меѓународниот кривичен суд

Рускиот претседател Владимир Путин следната недела ќе ја посети Монголија, соопшти денес Кремљ, и покрај тоа што таа земја е членка на Меѓународниот кривичен суд, кој минатата година издаде налог за негово апсење.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Посетата, закажана за 3 септември, ќе биде првата посета на Путин на една држава членка на МКС откако е издадена потерницата во март 2023 поради сомнеж дека извршил воени злосторства во Украина. Според Римскиот статут, членките на МКС се должни да ги уапсат осомничените по кои судот дал налог за апсење, ако стапнат на нивно тло, но судот нема механизам за да ги примора.

Како што се наведува во соопштението на Кремљ, Путин ќе отпатува во Монголија на покана на претседателот Укнагин Хурелсух „за да учествува на одбележувањето на 85-годишнината од заедничката победа на советската и монголската војска над Јапонците на Халкин Гол. Путин ќе разговара со Харелсух и други високи монголски функционери“,

МКС го обвини Путин за одговорност за грабнување деца од Украина, каде Москва води војна во последните две и пол години. Тоа е првпат глобалниот суд да издаде налог против лидер на една од петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН.

Кремљ го отфрли налогот за апсење како неважечки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ