сабота, 27 јули 2024

Путин ќе ги посети Северна Кореја и Виетнам

Рускиот претседател Владимир Путин во наредните недели ќе ги посети Северна Кореја и Виетнам, објави весникот „Ведомости“, повикувајќи се на дипломатски извор.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Рускиот амбасадор во Северна Кореја, Александар Мачегора, за Ведомости потврди дека ќе дојде до посета на претседателот на Пјонгјанг и дека тој „активно се подготвува“.

Весникот напиша дека Путин би можел да го посети Виетнам веќе во јуни, а најверојатно веднаш по посетата на Северна Кореја.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ја посети Русија минатиот септември на разговори со Путин. Тој го посети рускиот космодром Восточни на Далечниот Исток, а Путин вети дека ќе ѝ помогне на Северна Кореја во изградбата на сателити.

Кремљ соопшти дека Русија сака да изгради партнерство со Северна Кореја „во сите области“, но сè уште не го потврди датумот за посетата.

Русија ги зајакна своите врски со Северна Кореја и други земји непријателски настроени кон САД, како што е Иран, откако ја започна својата војна против Украина, а зајакнувањето на овие врски е извор на загриженост за Западот.

Во јануари, САД и Украина ја обвинија Русија дека користи севернокорејски балистички ракети со краток дострел во своите напади врз Украина, што Русија одби да го потврди или негира.

Ведомости објави дека Путин и Ким може да разговараат за увоз на работници мигранти од Северна Кореја. Русија се соочува со акутен недостиг на работна сила поради војната во Украина, бидејќи стотици илјади мажи се регрутирани или заминаа во странство за да избегнат мобилизација.

Единствената посета на Путин на Северна Кореја беше во 2000 година, неговата прва година на претседателскиот мандат.

Ведомости цитираа руски трговски претставник во Виетнам кој минатиот месец рече дека главното трговско прашање меѓу двете земји е банкарската инфраструктура за парични трансфери.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ