сабота, 27 јули 2024

Путин: Ќе направиме сѐ за конечно да го искорениме нацизмот (ФОТО+ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин денеска вети дека „ќе направи сѐ“ за „конечно да го искорени нацизмот“, по повод одбележувањето на 80-годишнината од крајот на германската опсада на Ленинград, денешен Санкт Петербург, за време на Втората светска војна.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Опсадата на Ленинград беше без преседан во однос на својата суровост“, рече Путин за време на инаугурацијата на споменикот на жртвите од опсадата што траеше 872 дена помеѓу 1941 и 1944 година и во која повеќе од 800.000 луѓе умреа во Ленинград од глад, болести и бомби.

„Поминаа осум децении, но нашата тага за овие страшни жртви, за овие скршени судбини не ослабна“, посочи тој.

„Ќе направиме сѐ за да ставиме крај на нацизмот и конечно да го искорениме“, вети рускиот лидер заедно со својот белоруски колега Александар Лукашенко кој дојде на церемонијата.

На церемонијата беше инаугуриран споменик, огромна статуа на Мајка на татковината со своите деца, а целиот настан беше организиран на помалку од еден месец пред втората годишнина од започнувањето на руската офанзива во Украина.

Русија ја нападна соседната земја со цел „демилитаризација“ и „денацификација“ на таа поранешна советска република, која, според Путин, ја водат неонацисти.

„Режимот во Киев продолжува да ги велича соучесниците на Хитлер (…) и да користи терор против сите оние што не му се допаѓаат“, ги повтори Путин во саботата своите претходни обвинувања.

Путин редовно истакнува дека трагедијата во Ленинград е и негова лична. Со оглед на тоа што има 71 година, тој сѐ уште не бил роден во тоа време, но неговиот постар брат починал во тоа време. Неговата мајка за малку ќе умрела од глад, додека неговиот татко, кој се борел во редовите на Црвената армија, бил ранет недалеку од Ленинград.

Одредени згради во Санкт Петербург сè уште носат предупредувања на советските власти за воздушни напади, во град со 5 милиони жители чија колективна свест останува длабоко одбележана од опсадата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ