петок, 27 декември 2024

Путин ќе ги посети војниците ранети во Украина

Објавено на

часот

Сподели

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе ги посети војниците ранети во Украина во воената болница во Москва, соопшти Кремљ.

Посетата ќе ја одбележи првата официјално пријавена посета на Путин со војници ранети во тримесечната воена кампања, во која се верува дека се убиени илјадници руски војници, вели Москва тајмс.

Путин „постојано се занимава“ со темата за ранетите војници и ги посетувал „многупати досега“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во март беше снимен како ги посетува повредените украински војници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ