сабота, 19 октомври 2024

Путин ја постави одбраната „Ѓаволски заби“ видлива од вселената во пресрет на пролетната офанзива

Објавено на

часот

Сподели

Противтенковските ровови во близина на окупираниот град Полоки во југоисточна Украина се протегаат на 30 километри, пишува Индипендент.

Позади нив стојат редови бетонски барикади „Ѓаволски заби“. Уште понатаму се одбранбените ровови каде ќе бидат позиционирани руските војници.

Одбраната видлива на сателитските снимки направени од Капела спејс се дел од огромната мрежа на руски утврдувања што се протегаат од западна Русија преку источна Украина и до Крим, изградена во очекување на големиот украински напад.

Претходно, руските сили го нападнаа градот Бахмут, кој е во фокусот на нивните повеќемесечни обиди да го заземат источноукраинскиот индустриски регион Донбас, а шефот на руските платенички сили Вагнер рече дека украинските трупи пристигнуваат за „неизбежната“ контраофанзива.

Генералштабот на украинските вооружени сили, во извештај на Фејсбук, соопшти дека борбите го зафатиле Бахмут и околните области. Во извештајот се наведува дека руските сили не успеале да напредуваат во две села на северозапад. Најмалку десетина локалитети биле под руски оган.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ