сабота, 27 јули 2024

Путин ја пофали германската крајно десна партија АфД, Шолц: Срамота

Германскиот канцелар Олаф Шолц ги опиша во четвртокот пофалбите на рускиот претседател Владимир Путин за крајно десната партија Алтернатива за Германија (АфД) како „срамни“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Срамно е тоа што добивте таква пофалба од рускиот претседател“, кажа германскиот канцелар во Бундестагот, горниот дом на германскиот парламент, по упадите на членови на АфД. „Граѓаните ќе знаат што да мислат за тоа“, додаде Шолц.

Путин вчера кажа дека „ќе соработува со сите оние кои сакаат да соработуваат со Русија“, вклучувајќи го АфД. На конференцијата со уредниците на западните новински агенции во Санкт Петербург, вклучувајќи ја ДПА, Путин кажа дека не гледа „знаци на неонацизам во постапките на АфД“. „Не гледаме ништо загрижувачко“, додаде тој одговарајќи на прашање за противуставните тенденции на партијата.

Иако Москва и АфД немаат „системски односи“, Русија би поддржала секој кој сака да има нормални односи со неа, кажа Путин. Претседателите на АфД Тино Хрупала и Алис Вајдел се соочија со критики поради посетата на Русија пред почетокот на конфликтот во Украина во февруари 2022.

Според националните анкети во Германија, АфД неодамна достигна 20 отсто гласови поради незадоволството од владејачката коалиција. Ново истражување покажува дека поддршката за АфД паднала на 16 отсто во последната недела од предизборната кампања поради низата контроверзи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ