сабота, 27 јули 2024

Путин ја одобри идејата за заеднички да се развеат знамињата на Русија и Кина на Марс

Рускиот претседател Владимир Путин, при посетата на Политехничкиот универзитет Харбин, рече дека е добра идеја во иднина заедно да се истакнуваат кинеското и руското знаме на Марс, пренесува РИА Новости.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На рускиот претседател му беше претставена изложба посветена на вселенските технологии, при што му беше прикажан модел на ровер кој се користи на Марс со технологија за автоматско развејување на знаме.

Претставниците на кинеската страна истакнаа дека би сакале да продолжат да работат заедно со Руската Федерација во вселенскиот сектор, така што на Марс заеднички ќе се развеат кинеското и руското знаме.

„Тоа е добра идеја“, одговори Путин на предлогот. Политехничкиот универзитет Харбин е една од водечките високотехнолошки образовни институции во Кина, главен центар на клучниот научен и технолошки развој и иновации. Тука учат повеќе од 58 илјади студенти.

Од мај 2020 година, универзитетот е под американски санкции, а официјалната причина е „набавка и обид за набавка на стоки произведени во Америка за поддршка на програмите поврзани со Народноослободителната војска на Кина“.

Путин денеска ја завршува државната посета на Кина, каде што пристигна вечерта на 15 мај, по московско време. Ова е негово прво патување во странство откако беше реизбран и стапи на функцијата шеф на државата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ