Централата е под руска контрола од март 2022 година, а стравувањата од нуклеарна несреќа се присутни поради постојаните борби во таа област.
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека тој и рускиот претседател Владимир Путин телефонски ќе „разговараат за централите“ во вторник. Иако користеше множина, не постојат толку големи централни толку блиску до боиштето кои би можеле да бидат предмет на разговори.
Трамп минатиот викенд кажа дека преговорите вклучуваат „голема централа“ и прашањето е „кој ќе ја добие“. Неговиот претставник Стив Виткоф, кој минатата недела разговараше со Путин во Москва, изјави дека постои „нуклеарен реактор кој снабдува голем дел од Украина со струја и тоа мора да се реши“.
Централата Запорожје има шест реактори, но не произведува струја од септември 2022. Украинскиот претседател Володимир Зеленски во петокот потврди дека американските и украинските преговарачи разговарале за иднината на нуклеарната централа Запорожје.