среда, 22 јануари 2025

Путин и Си разговараа неколку часа по инаугурацијата на Трамп (ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин одржа видео повик со кинескиот претседател Си Џинпинг во кој предложил понатамошен развој на нивното стратегиско партнерство, само неколку часа откако Доналд Трамп даде заклетва како 47 претседател на Соединетите Американски Држави. Путин му се обрати на Си со „драг пријателе“ и му кажа дека сака да изнесе „нови планови за развој на руско-кинеското сеопфатно партнерство и стратегиска соработка“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Се сложувам со вас дека соработката меѓу Москва и Пекинг се заснова на широко заедништво на националните интереси и сличноста на ставовите за тоа какви треба да бидат односите меѓу големите сили“, му кажа Путин на Си. „Нашите врски ги градиме на основа на пријателство, заемна доверба и поддршка, еднаквост и заемна корист. Тие врски се доволни и не зависат од домашните политички фактори и актуелната глобална ситуација“.

Си одговори дека двете страни треба да продолжат да ја продлабочуваат стратегиската соработка, цврсто да се поддржуваат, да ги штитат легитимните интереси на двете земји, да ги зацврстат и прошират билатералните односи и да промовираат практична соработка.

Русија, која војува против украинските сили помогнати од НАТО, и Кина, која е под притисок на американските напори да се спротивстават на нејзината растечка воена и економска сила, сè повеќе наоѓаат заеднички геополитички цели. Путин и Си, кои се спротивставија на западното омаловажување по распадот на Советскиот Сојуз во 1991 и вековите европска колонијална доминација над Кина, го сметаат Западот за декадентен и во пропаѓање.

Соединетите Американски Држави ја сметаат Кина за најголем конкурент, а Русија за најголема закана за националната безбедност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ